Пандев и Ангеловски знаеја кој е најдобар – Кристијано Роналдо

Капитенот и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев и Игор Ангеловски, го ’погодија’ најдобриот фудбалер во светот за изминатата 2017 година. Тоа е Кристијано Роналдо, за кого тие дадоа најголем број гласови во анкетата на ФИФА. И двајцата на Португалецот му доделија по пет бода при гласањето.

По фантастичните успеси со Реал Мадрид и со репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо заслужено ја доби наградата „The Best“ на ФИФА.

Пандев и Ангеловски идентично ги поделија и останатите гласови. Тие му доделија по 3 бода на Лионел Меси, и по 1 бод на Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...