Пандев: И Бог малку помогна, за голот и за победата

Џенова оствари важна победа (2-1) против Сасуоло на стартот на 2020 година и направи три чекори напред во грчевитата борба за опстанок во Серија А. Стрелец на победничкиот гол во 86.минута беше најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

„Ова е многу важен триумф за нас. Одличен старт на 2020, да се надеваме дека ќе ни даде мотив да играме подобро и да победуваме и на следните мечеви. И Бог малку помогна, и за голот и за победа. Патеевме до самиот крај, но мислам дека ја заслуживме победата. Тука сум да им помогнам на овие млади момци, да ја извлечеме Џенова таму каде што и е местото, што подалеку од опасната зона на табелата. Мораме да работиме напорно, да веруваме и да играме до крај“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми по триумфот над Сасуоло.

Се вчитува...