Џенова на капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, во пријателски натпревар го совлада и Бордо со 2-3.
Џеновјаните во првиот дел поведоа со 2-0 со головите на Пинамонти во 24. минута и Ромуло во 34. Две минути подоцна „жирондинците“ намалија на 2-1 со голот на Хванг. Во второто полувреме Бордо израмни на 2-2 со голот на Де Превиле во 58. минута, а конечните 2-3 ги постави Барека во 82. минута.
Нашиот капитен на овој меч доби шанса во 50. минута и го одигра целото второ полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА