Пандев и Џенова и скратија триумф на Рома со гол во 90. минута, а промашија и пенал во 95. минута (ВИДЕО)

Рома не успеа да извлече значајна победа во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона, ремизирајќи (1-1) во 35. коло од Серија А на гостувањето против Џенова.

Ел Шарави со гол во 82. минута донесе предност за Рома, но Џенова израмни во 90. минута со погодокот на Ромеро.



Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев ги одигра последните 20 минути на натпреварот, влегувајќи во игра во 73. минута на местото на Лападула. По акцијата на Пандев во 95. минута, беше досуден и пенал за Џенова, но Санабриа не успеа да го реализира.

По ова реми, Рома остана на три бода негатива од Аталанта која е на четвртото место кое носи место во Лигата на шампионите. Џенова пак доби значаен бод во битката за опстанок.

Се вчитува...