Пандев и Џенова остануваат во Серија А, благодарение на Интер… (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова остануваат во Серија А и следната сезона благодарание само на победата на Интер над Емполи во последното, 38. коло од италијанскиот шампионат.

Интер си обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона со триумфот од 2-1 против Емполи, а токму таа победа ја остави Џенова во Серија А а го испрати Емполи во Серија Б.

Интер поведе со голот на Кеитаво 51. минута. Икарди промаши пенал за „нераѕурите“ во 61. минута, па следеше казната на спротивната страна во 76. минута за 1-1 со голот на Траоре. Но, радост за Интер и за Џенова донесе Наинголан со голот во 81. минута.

Џенова, пак, во натпревар без многу возбудувања одигра без голови на гостувањето против Фиорентина, резултат кој им одговараше и на двете екипи за да обезбедат опстанок со оглед на поразот на Емполи.

По победата на Интер, залудни беа трите бода на Милан од гостувањето против СПАЛ. „Миланезите“, на крајот, не успеаја да стигна до позиција за Лигата на шампионите, со оглед и на триумфот на Аталанта над Сасуоло од 3-1.

РЕЗУЛТАТИ – 38. КОЛО

Рома – Парма 2-1

Аталанта – Сасуоло 3-1

Фиорентина – Џенова 0-0

Интер – Емполи 3-1

Каљари – Удинезе 1-2

СПАЛ – Милан 2-3

Се вчитува...