Пандев и Џенова, по продолженија, поминаа во Купот на Италија

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев и неговиот тим Џенова се пласираа во следното коло од италијанскиот Куп, откако денеска на домашен терен, по продолженија, славеа со 2-1 против Чезена. Пандев беше стартер на овој натпревар и играше до 77.минута, кога на негово место во игра влезе Ригони.

Чезена прва поведе, со гол од пенал што го постигна Лариби во 41.минута, на стартот од вториот дел израмни Симеоне, а во продолженијата Лаксалт беше стрелец на победничкиот погодок за составот на Џенова.

Се вчитува...