Пандев и Џенова поразени во градското дерби од Сампдорија

Сампдорија славеше во градското дерби против Џенова со 2-0. Горан Пандев беше стартер во тимот на Џенова, но тој и соиграчите поразени го напуштија стадионот „Луиџи Ферарис“. Дефрел во третата минута ја доведе Сампдорија во водство, на почетокот на вториот дел Џенова остана со играч помалку поради исклучувањето на Бираски, а две минути подоцна Фабио Квалјарела од пенал зголеми на 2-0.

Џенова по 32 кола се наоѓа на 15.позиција на табелата во Серија А со 34 бода.

На дуелите Фиорентина – Болоња и Сасуоло – Парма немаше голови.

Резултати Италија: Сампдорија – Џенова 2-0, Фиорентина – Болоња 0-0, Сасуоло – Парма 0-0, Торино – Калјари 1-1.

Се вчитува...