Пандев и Џенова ремизираа со Сампдорија во дерби „Дела латерна“ (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова ремизираа 1-1 на гостувањето кај Сампдорија во 160. дерби „Дела латерна“. Домаќините поведоа преку Јанкто во 23. минута, а само пет минути подоцна Скамача израмни на 1-1. Иако беше само 30. минута, на крајот се покажа дека тоа беа и единствените два гола на мечот.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ги одигра сите 90 минути и во одлична форма го чека историскиот натпревар против Грузија на 12. ноември.

 

 

Се вчитува...