Пандев и натаму се мисли, дали да продолжи или да стави крај

Горан Пандев и натаму нема донесено конечна одлука околу неговото повлекување, пишува „Спорт Парма“. 

Дилемата ќе биде откриена во следните неколку дена, кога македонскиот голгетер ќе донесе конечна одлука иако на почетокот на годината најави дека ќе ги закачи копачките на крајот од оваа сезона, кога истекува неговиот договор со Парма.

Пандев за Парма одигра 11 натпревари, и забележа 1 гол и 1 асистенција. 39-годишниот фудбалер може да го одложи пензионирањето уште една сезона. Порталот од извори блиски до играчот, пренесува дека напаѓачот е пред продолжување на „авантурата“.

И да продолжи, веројатно тоа нема да биде Парма, туку некој друг клуб.

Се вчитува...