Пандев: Имам две желби за 2020 – Со Македонија на ЕП и Џенова да остане во Серија А

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев има две големи желби за 2020 година. Првата е со националниот тим да игра на ЕВРО 2020. Македонија на 26 март ќе игра против Косово во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации и има два чекори за историско остварување и настап на ЕП. Втората желба на Пандев е со Џенова да го задржи статусот во Серија А и тимот да обезбеди опстанок во елитата.

„Македонија да игра на Европско и Џенова да остане во Серија А. Тоа се моите желби и морам да кажам дека се навистина реални, иако сите треба максимално да се потрудиме. На 26 март играме со Косово и тоа е животна можност за мојата репрезентација. Ова е моја петта година во Џенова и се чувствувам како „дома“. Играм во најстариот клуб во Италија и секоја недела се чувствувам убаво кога ќе го облечам дресот. Кога ќе заминам во пензија? Не размислувам за тоа, ми влијаат и пријателите кои велат – играј додека се забавуваш и тие убаво. Сакам да ја завршам кариерата на убав начин“, вели Горан Пандев.

 

Се вчитува...