Пандев: Импресиониран сум од Украина… Не чека тежок натпревар

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев за италијанскиот „Скај спортс“ вели дека е импресиониран од играта на Украина на мечот против Холандија во првото коло.

„Украина ме импресионираше против Холандија, индивидуално е многу силна. Шевченко прави одлична работа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се бориме за добар резултат. Мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме“.

За потсетување натпреварот меѓу Македонија и Украина кој ќе се игра на Националната арена во Букурешт е закажан за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...