Пандев ќе остане резерва и против Летонија?

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Рига е зелена, убава, се виде уште при слетување по четиричасовниот лет од Тел Авив. Првото гостување од овој мини-циклус во Израел го заокруживме со реми и еден освоен бод, но затоа против Летонија е планиран максимален ефект. Сепак, ќе треба да се заслужи на теренот

Сепак, селекторот Игор Ангеловски и понатаму ги има истите проблеми со капитенот Горан Пандев. Тој има болки во слабините, отокот и понатаму ја отежнува состојбата и веројатно нема да биде максимално подготвен за настап ниту против Летонија. Многу веројатно е дека повторно ќе остане на клупата за резерви, а потоа би добил шанса во второто полувреме. Се ќе биде познато по последните два тренинга пред мечот со Летонија, вечерашниот и утрешниот официјален тренинг пред дуелот со Летонците.

Тие добија шест „парчиња“ од Австрија синоќа, сигурно дека тоа ќе влијае на атмосферата во нивниот национален тим, но тоа е и јасен знак дека Македонија е голем фаворит и треба доминантно да ги освои трите бода овде во Рига, в понеделник.

Се вчитува...