Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев анализирајќи го завршениот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2020, по триумфот над Израел од 1-0 го повтори кажаното уште пред почетокот на квалификациите… Пандев повторно нагласи дека ова е најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал која може и заслужува да се најде на Европско првенство!
„Го заслуживме ова трето место. Да ни го нудеше некој пред почетокот, секако ќе го прифатевме. Сакавме на ЕП преку групата, но за тоа треба да се победи некој од фаворитите. Ние ги загубивме сите четири меча против Полска и против Австрија, и тоа е таа разлика на патот до ЕП. Но, мора да бидеме задоволни. Сега останува максимално да се фокусираме на плеј-офот во Лигата на нациите и мечот со Косово во март следната година. Мислам дека оваа генерација е најдобрата наша во историјата и може да се избори за ЕП 2020, само да не служи здравјето и да сме комплетни. Верувам дека и публиката ќе биде наш 12-ти играч на тој меч во Скопје“ – истакна Пандев по завршувањето на дуелот со Израелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА