Пандев ќе живее во Џенова – Го избра овој град пред Рим и Милано

Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев и официјално потврди дека става крај на професионалната кариера.

Како што пренесуваат од неговиот претпоследен клуб во кариерата, Џенова, тој избрал да остане да живее во овој град и покрај тоа што можел лесно својот живот да го продолжи во Рим или Милано, градови во кои исто така помина голем дел од кариерата.

„Пандев одлучи, ќе живее во Џенова! Што не треба да се зема здраво за готово со оглед на неговата кариера полна со успеси во дресовите на Наполи, Интер и Лацио! Вистина е дека кој ќе ја види Џенова, порано или подоцна, се заљубува во неа!“, соопштија од Џенова. 

Се вчитува...