Пандев: Косово не исцрпи и физички и психички, но ќе дадеме максимум да ја совладаме Грузија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Грузија во натпревар од четвртото коло во новата  сезона од Ц лигата на УЕФА Лига на нации. Капитенот на „црвено-жолтите“ Горан Пандев вели дека иако мечот со Косово на секој можен начин ги исцрпил тие се подготвени да дадат максимум и да стигнат до победата против Грузија.

„Сите што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас. Косово и физички и психички не потроши, но подготвени сме утре да дадеме се од себе и да го добиеме натпреварот. Сите конкурираме за првите единаесет. Знаевме дека не очекува пеколен ритам. Свесни сме сите дека секој од нас ќе добие шанса. Во секој натпревар влегуваме со 100%, но фудбалот е игра во која има и противник и не е секогаш лесно да го добиеш. Се надевам дека ќе победиме утре и ќе го освоиме првото место“, изјави Пандев на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.

Македонија ќе ја пречека Грузија утре (14. октомври) на националната арена „Тодор Проески“, а мечот се закажан за 20:45 часот.

Се вчитува...