„Пандев куп 2020“: Децата од Балканот здружени преку фудбалот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Продолжуваат активностите на „Пандев Куп 2020“, повеќе од 1.200 млади фудбалери од 70  клуба од пет држави продефилираа на турнирот, а остануваат најуспешните кои во текот на денешниот ден ќе се борат за пласман во финалните средби кои на програмата се утре. Страста за фудбалот ја има од најмали нозе, се засилува победничкиот дух и остануваат само најдобрите кои ќе се борат за пехарот.

На терените во Струмица, Турново и во Дојран прекрасна глетка, деца речиси од целиот Балкан обединети во дружба преку фудбалската игра.

 

Се вчитува...