Пандев: Македонија секогаш ми е во срцето, мојата репрезентација нема што да загуби против Италија

Горан Пандев беше предводник на македонската репрезентација во историскиот успех и пласманот на ЕВРО 2020. Големиот ас токму со настапот на европскиот шампионат ја заврши својата репрезентативна кариера, а по неговото повлекување „црвено-жолтите“ продолжија со одлични настапи, обезбедувајќи пласман во баражот за СП 2022.

Ждребот не им беше наклонет на нашите фудбалери кои во месец март гостуваат на европскиот првак Италија, но Пандев е убеден дека Македонија ќе се прикаже во добро светло на овој дуел.

„Јасно е, Италија е фаворит, игра дома и е актуелен европски првак. Сепак, Македонија верува во успех, мојата репрезентација нема што да загуби. Луѓето веруваат во овие момци, кои ќе играат без притисок и ќе дадат се од себе. Одлуката да се повлечам со настапот на ЕП беше најдобра солуција за сите. Јас во дресот на Италија? За мене оваа земја секогаш била втор дом, децата ми растат овде, но Македонија секогаш ми е во срцето“, истакна Пандев.

Се вчитува...