Пандев на тестови за брзина со Џенова (фото)

Горан Пандев неколку дена подоцна од соиграчите се приклучи на подготовките за новата сезона на тимот на Џенова.

Вообичаено, првите тестови беа за брзина и сила, а новиот тренер Аурелио Андреацоли очекувано акцентот во првата фаза од подготовките ја става врз физичката подготвеност.

Се тренира два пати на ден, и тоа со трчање, трчање и уште повеќе трчање. Тренинзите со топка ќе почнат дури во втората фаза“ – објавија од стручниот штаб на Џенова.

Се вчитува...