Пандев: Најреално е Серија А да биде откажана (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев во интервју за регионалната спортска телевизија „Арена спорт“ говореше за ситуацијата со пандемијата од коронавирусот во Италија и можноста за продолжување на шампионатот кој беше прекинат во месец март. Пандев смета дека најправилно е шампионатот да биде откажан.

„Јас мислам дека нареално е првенството да биде прекината. Има многу починати од коронавирусот и има многу проблеми. Мислам дека ако почнеме да играме без публика нема поента“, изјави Пандев. 

Доколку сепак се одлучи шампионатот да биде продолжен тој би сакал Лацио да дојде до титулата, но смета дека Јувентус е фаворит поради големиот ростер на квалитетни фудбалери кој го има во тимот.

„Ќе навивам за Лацио и навистина ќе ми биде мило тие да освојат бидејќи беа во одлична форма. Но, сепак Јувентус има 22 врвни фудбалери и кога имаш толку голема клупа тоа може да ја направи разликата“, заврши Пандев. 

Се вчитува...