Пандев: Наполи е идеален клуб за Елмас

Трансферот на најголемиот македонски фудбалски талент по Горан Пандев, фудбалерот на Фенербахче, Елиф Елмас, во Наполи е речиси договорена работа, а во моментот се ’пеглаат’ деталите пред да биде официјализирана петгодишната соработка. Капитенот на националниот тим за италијанските медиуми истакна дека Наполи е идеален клуб за младиот Елиф Елмас. Таму ќе има одлична можност да напредува и да израсне во голем фудбалер.

„Елиф е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Ако Наполи го ангажира, ќе заврши одлична работа. Разговарав со Елмас, вели дека ќе биде среќен ако дојде во Италија“, изјави Пандев.

Горан Пандев во периодот од 2011 до 2014 година беше играч на Наполи.

Се вчитува...