Пандев: Народот е желен за спортски успеси, ајде и ние да го израдуваме

Горан Пандев е максимално мотивиран за претстојниот дуел со Полска, да се стигне до нова победа со која би бил направен значаен чекор напред кон пласман на ЕВРО 2020. Според капитенот, репрезентативците треба да го следат примерот на ракометарите на Вардар и да им донесат радост на верните спортски фанови во државата.

„Атмосферата е одлична, се подготвуваме максимално, победа над Полска може да ни го отвори широко патот кон ЕП. Ќе дадеме се од себе за да ја оствариме целта. Ова се вистински натпревари за да го покажеме нашиот квалитет. Вардар направи голем успех, Македонија покажа дека живее за спортски успех, се надеваме и ние дека можеме да направиме историски пласман на Европско првенство“ – истакна Пандев.

Едно е јасно, Вардар внесе дополнителна доза на оптимизам меѓу македонските спортисти. На фудбалерите е тоа да го претворат и во позитивни резултати на следните два меча, против Полска и Австрија.

Се вчитува...