Пандев не е подготвен за цел натпревар: „Жално е тоа што му се случи на капитенот во Џенова“

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, сосема очекувано нема да може да биде на располагање на терен на соиграчите во текот на сите 90 минути на утрешниот натпревар против Косово. Најдобриот македонски фудбалери, онака искрено, отворено нагласува дека не е подготвен за цел натпревар но и тоа како се очекува да биде стартер во составот на Игор Ангеловски. А, Македонија на време ќе го обезбеди пласманот во финалето, далеку пред истекот на регуларниот дел од мечот.

„Мислам дека не сум подготвен за цел натпревар, но селекторот тоа најдобро го знае. Се надевам дека порано од 120 минути ќе ја завршиме работата и ќе се пласираме во посакуваното финале“ – вели Пандев, дополнувајќи:

„Постојано зборувам со помладите фудбалери. На натпреварот мора да одиграме како што ќе се договориме, мора да влеземе со ладни глави во првите минути, а по пет минути ќе биде ист дуел како и секој друг натпревар. Нема да изостане пожртвуваноста, тоа со сигурност го знам. Но, денешниот фудбал не е само тоа мора да бидеш подготвен и поквалитетен“.

Околу распределбата на минутажата за Горан Пандев на утрешниот дуел, селекторот Игор Ангеловски со размислување…

„Добро знаеме колкаво е значењето на Горан низ секоја минута која ја минува на терен. Жално е тоа што се случи со капитенот во Џенова токму сега, па беше во изолација, надвор од тренинг и без натпревари. Сепак, овој натпревар се игра и без тренинзи, мотивацијата е огромна“ – истакна македонскиот селектор.

Се вчитува...