Пандев: Не ни требаат негативци на стадион, туку само оние кои вистински веруваат во нас

Капитенот на фудбалскиот национален тим, Горан Пандев, ги замоли негативните фанови утревечер да не доаѓаат на „Тодор Проески“ арена затоа што на репрезентативците им е потребна максимална поддршка единствено од оние кои силно веруваат во фудбалската селекција. Тој вели дека фудбалерите со нетрпение го очекуваат мечот против Словенците.

„Желно го очекуваме овој натпревар. Слушам дека Словенците атакуваат на второто место во групата, не гледам зошто и ние да не атакуваме на второто место затоа што не се подобри од нас на ниту една позиција на терен. Затоа со нетрпение го чекаме мечот, со огромна мотивација одиме на победа. Утре ни треба поддршка на стадион само од оние навивачи кои се позитивни и кои веруваат во оваа репрезентација. Не ни требаат негативци, затоа не е важно дали ќе се 15.000 или 30.000, но единствено оние кои вистински веруваат во нас и ќе ни дадат безрезервна поддршка“, истакна Горан Пандев.

Се вчитува...