Горан Пандев ќе ја заврши оваа натпреварувачка сезона во дресот на Парма, откако овој клуб се договорил со Џенова за да го ангажира македонскиот ветеран во преостанатите месеци од овој шампионат.
Италијанските медиуми јавуваат дека сите детали се веќе средени и дека се финишира документацијата за трансферот да биде комплетиран пред крајот на преодниот рок.
Пандев во неколку наврати изјавуваше дека сака да ја заврши кариерата во Џенова, но доаѓањето на американските газди и намалената минутажа во екипата придонесоа македонскиот ветеран да ги смени плановите. Горан Пандев за соиграч во Парма ќе го има легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.
Парма по 20 одиграни кола се наоѓа на 12. место на табелата, со заостанување од осум бода зад екипите кои се наоѓаат во зоната за плејоф за борба за влез во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА