Пандев останува еден од најдобрите зимски трансфери во историјата на Интер

Горан Пандев останува меѓу најдобрите пет зимски трансфери во историјата на Интер. Пандев во Интер дојде во јануари 2010 година и потпиша 4,5 годишен договор со екипата. Веднаш по неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“ под ерата на Жозе Мурињо, успеа да ја освои европската шампионска титула, и уште двете круни во домашното првенство – Скудетото и италијанскиот Куп.

Пандев во септември во 2009 година побара официјален раскин на договорот, по што го доби на крајот од декември, и веднаш после неколку дена, поточно на 4. јануари потпиша договор со „нероазурите“.

Пандев во Интер се задржа две години, а потоа беше една сезона позајмен на Наполи. „Наполитанците“ го откупија неговиот договор од Интер во 2012 година, односно три години пред неговиот истек. Играше и во Галатасарај, а од 2015 година се врати во Серија „А“ во тимот на Џенова.

Инаку меѓу ТОП 5 зимски трансфери покрај Пандев се и трансферите на Адријано и на Кристијан Ериксен.

Се вчитува...