Горан Пандев последните месеци во кариерата ќе ги мине во дресот на Парма, откако македонскиот ветеран во последниот ден од преодниот рок го напушти тимот на Џенова и се пресели во второлигашот од „Енио Тардини“.
Македонскиот ветеран во интервју за италијанските медиуми обелодени дека бил принуден на такво нешто бидејќи во Џенова јасно му било ставено до знаење дека не се смета на неговите услуги.
„Мојата грешка е во тоа што не се пензионирав по ЕВРО 2020, како што ми беше првичниот план. Секако дека моја желба беше да останам во Џенова до крајот на кариерата, но од клубот јасно ми ставија до знаење дека нема да играм. Бев шокиран, па имав избор, или да останам и да дремам на клупа, или да заминам во друг клуб и да уживам уште неколку месеци играјќи фудбал. Ми беше многу тешко во прв момент, четири дена воопшто не спиев по трансферот во Парма, но сега тоа е зад мене“, истакна Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА