Пандев: Полска знаеше да ги искористи шансите…

ЕКИПА во Варшава, 

Владимир Булатовиќ

Фудбалскиот национален тим доживеа пораз од Полска (2-0) во Варшава и ги загуби шансите за пласман на ЕП 2020 преку групата. Капитенот Горан Пандев вели дека Полска знаеше да ги искористи своите шанси.

„Одигравме борбен натпревар, но тоа не беше доволно ниту за бод. Полска е квалитетна селекција, ги искористи своите шанси, а нас ни недостасуваа клучни фудбалери во средниот ред и тоа малку се одрази на играта. Продолжуваме понатаму…“, порача Горан Пандев.

Се вчитува...