Пандев пресреќен: Секогаш играме одлично против „големите“

Горан Пандев не го криеше задоволството по извонредниот настап на својот тим против Јувентус, откако Македонецот влезе во игра и донесе триумф над актуелниот првак. Со тоа, Пандев на најдобар можен начин му покажа на тренерот Прандели дека може да биде од огромна помош за Џенова до крајот на оваа сезона.

„Да се даде гол за 2-0 против Јувентус, и тоа пред „северната трибина“ и најверните навивачи на Џенова, чувството беше навистина прекрасно. Целиот стадион како да се тресеше, навивачите ни дадоа огромна поддршка и ни помогнаа да стигнеме до овој голем триумф. Не е тајна, секогаш играме одлично против големите екипи, мило ми е што денеска стигнавме и до триумф над Јувентус. Со Куаме соработувам многу добро на теренот, тој е млад играч, може многу да напредува, но уште сега поседува огромни квалитети“ – изјави Пандев.

На потег се челниците на Џенова, кои се уште немаат донесено одлука дали да му понудат нов договор на Македонецот.

 

Се вчитува...