Пандев пристигна во Скопје, репрезентацијата стартува со подготовките за мечот со Косово

Македонија и дефинитивно ќе биде со капитенот Горан Пандев за пресметката против Косово од полуфиналниот плеј-оф бараж за пласман на ЕП.

Пандев синоќа допатува од Италија во Скопје, и од денеска веднаш се приклучува на стартот од подготовките на националниот тим. Првиот тренинг избраниците на Игор Ангеловски ќе го имаат денеска од 17:30 часот.

 

Македонската селекција на дуелот со Косово ќе биде без Елиф Елмас кој е позитивен на коронавирусот.

Се вчитува...