Пандев: Прво ќе го победам Пјонтек, па ќе чести вечера

Утрешната пресметка во Скопје воедно ќе биде и меѓусебен дуел на Горан Пандев и Кжиштоф Пјонтек, двајцата голгетери кои сезоната ја стартуваа заедно во тимот на Џенова. Пјонтек во јануари се пресели во Милан, но остана во контакт со Македонецот, кој многу му помогна во адаптацијата во италијанскиот фудбал.

„Немаме конкретен облог, но знам што ќе се случи. Прво ќе го победам Пјонтек, а потоа тој ќе чести вечера во Скопје“ – низ насмевка коментираше Пандев на денешната прес-конференција.

Нема дилеми дека нашиот капитен ќе биде стартер од првата минута на утрешниот натпревар, но според најавите од Полска, Пјонтек мечот ќе го почне од клупата за резерви заедно со Милик, бидејќи гостите би требало да истрчаат во формација со само еден класичен напаѓач – Роберт Левандовски.

Се вчитува...