Пандев: Сакаме полн стадион и победа против Лихтенштајн

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев со голем ќеиф си дојде од Торино во родната Струмица, откако нашиот национален тим одигра 1-1 против големата Италија пред три дена, а сега има нова желба, која ја искажа веднаш по ремито со „аѕурите“.

„Сакаме полн стадион во Струмица, и секако, победа против Лихтенштајн. Ќе биде тоа убав крај на овие квалификации“, истакна Горан Пандев.

IMG_0267

Има 34 години, и половина живот игра за А-репрезентацијата на Македонија, со одредена пауза кога привремено се повлече од националниот тим. Но, неговите соиграчи, селекторот и целата македонска јавност, посакуваат тој да го носи дресот на Македонија и во следните квалификации.

„Не знам, не можам тоа да го одговорам со сигурност сега“, изјави Пандев по мечот со Италија во Торино. Сите посакуваме вечерва тој да не го игра последниот квалификациски натпревар во дресот со државниот грб.

Како што вели Илија Несторовски…„Ќе го тераме да игра додека не ‘умре’ на терен“

Се вчитува...