Пандев се врати во Италија, во Џенова го чекаат за потпис

Горан Пандев во текот на оваа седмица и официјално ќе го потпише новиот договор со Џенова, со што македонскиот ас ќе ја продолжи својата кариера за уште најмалку една година.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека Пандев викендов се вратил назад во Италија, завршувајќи со одморот во Македонија. Во Џенова го чекаат појавувањето на Пандев на разговори, а претседателот Пречиози е убеден дека договор ќе биде постигнат експресно, по што голгетерот ќе го продолжи престојот во овој клуб, каде според неофицијалните информации ќе му биде понудена и директорска функција откако конечно ќе ја заврши кариерата.

Пандев претходно најавуваше дека со настапот на ЕВРО 2020 и дефинитивно ќе му каже збогум на фудбалот. Македонскиот капитен во меѓувреме го промени својот став, се повлече само од националниот тим, а се очекува да одигра уште една година во Џенова пред и официјално да каже крај.

Се вчитува...