Пандев со честитка: Секоја чест ХЕРОИ! (ФОТО)

И досегашниот капитен на македонската репрезентација и најдобар фудбалер, Горан Пандев испрати честитка до довчерашните негови репрезентативни соиграчи за историскиот пласман во баражот за СП 2022.

Пандев, пред да се збогува од националниот дрес преку настапот на ЕВРО 2022, ги одигра и првите три натпревари за Македонија во овој квалификациски циклус постигнувајќи и погодок во големата победа над Германија од 1-2 во Дуизбург.

„Секоја чест ХЕРОИ“ -напиша Пандев на својот Инстаграм профил.

Се вчитува...