Пандев со еден збор го искоментира „чудото во Палермо“ (ФОТО)

Иако не беше со своите сега веќе екс соиграчи на теренот во Палермо, Горан Пандев ја коментираше победата на Македонија во Палермо, со која се пласираше во финалето на баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Пандев на социјалните мрежи стави слика од репрезентативците и со коментар „херои“, го искоментира „чудото во Палермо“.

Горан Пандев се пензионираше од националниот тим по ЕВРО 2020 минатата година. Македонија сега е со мислите веќе кон Порто и дуелот со Португалија, кој е одлучувачки за пласман на Мундијалот, што ќе биде најголем успех за репрезентацијата во историјата.

Се вчитува...