Пандев со емотивно збогување од Џенова: Тешко е да се остават овие бои…

Сега новиот член на Парма Горан Пандев, имаше емотивно збогување од тимот на Џенова. Трансферот на „Гранде“ се случи вчера сосема ненајавено и неочекувано, за само неколку часа. Иако се очекуваше да ја заврши кариерата во Џенова, сепак, тоа ќе биде во тимот на Парма.

Пандев на социјалните мрежи напиша:

„Тешко е да се остават овие бои. Чувствував дека е време да одам, никој не ме натера да го направам тоа. Само страста ви дава поттик, свеста да се биде дел од некој проект. Секогаш ќе бидеш во моето срце: мојот град, моите бои, мојот плоштад. Би сакал да се вратам и да ве поздравам сите како што треба, на Мараси, уште еднаш, за последен пат да ja слушнам  публиката. Ви благодарам за емоциите што ми ги дадовте. Џенова засекогаш!“, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Се вчитува...