Пандев стрелаше, но Џенова загуби во Бергамо (ВИДЕО)

Горан Пандев постигна гол за Џенова во поразот на гостувањето кај Аталанта од 2-1 во премиерниот меч од 36. коло од италијанската Серија А. Во првото полувреме Џенова беше подобар противник, но не успеа да стигне до гол.

По само една минута игра во второто полувреме Муса Бароу донесе водство од 1-0 за тимот од Бергамо, а конечните 2-0 ги постави Тимоти Кастањ во 53. минута. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација доби шасна во второто полувреме, откако во 50. минута влезе на местото на Лукас Лерагер. Џенова заигра подобра, а одличната игра беше материјализирана во 88. минута кога нашиот капитен го постигна почесниот гол за својот тим. На крајот „џеновјаните“ се обидоа да стигнат до реми, но немаа сили за чудо.

Со победата, Аталанта изби на третото место на табелата во Серија А со 65 бода, два бода повеќе од четврттиот Интер и шест бода од петтиот Милан, два тима кои имаат натпревар помалку од нив. Џенова останува 16. со 36 бода.

 

Се вчитува...