Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев повторно беше стрелец за Џенова во Купот на Италија, но неговиот тим е елиминиран во осминафиналето од најмасовното италијанско клупско натпреварување по поразот од Лацио од 4-2.
Пандев го „здрма“ својот поранешен клуб погодувајќи во 45. минута од средбата за израмнување на 2-2 во тие моменти, но сепак Лацио дојде до триумфот и пласман во четвртфиналето со головите на Милинковиќ-Савиќ во 70. минута и Имобиле во 75. минута од средбата.
Goran Pandev Goal HD- Lazio 2-2 Genoa – 18.01… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА