Пандев: Свесни сме дека не сме 100% подготвени, но максимумот за националниот дрес секогаш го даваме!

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонија пред уште еден предизвик во новото издание во Лигата на нации. Овој пат и со капитенот Горан Пандев кој се очекува да стартува од првата минута на утрешниот натпревар со Грузија…

„Зад нас е натпреварот во Скопје против Ерменија на кој мора искрено да признаеме дека беше тешко да се игра и поради лошиот терен и поради временските услови, но сето тоа е зад нас. Сега сме тука…, свесни сме дека ќе имаме интересен натпревар но ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до победата. Тоа е наша цел. Свесни сме и дека доаѓаме од еден подготвителен период, за поголемиот дел од нас во клубовите не се почнати новите подготовки, не сме можеби 100% подготвени но тука сме секогаш да го дадеме максимумот за националниот дрес. Така ќе биде и утре против Грузијците“ – истакна Пандев на средбата со медиумите.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот на националната арена „Динамо“ во Тбилиси.

Се вчитува...