Пандев триумфално ја заврши сезоната во Серија А, следна цел ЕВРО 2020 (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев и неговата Џенова со триумф на гостувањето кај Калјари од 0-1 ја затворија сезоната во италијанската Серија А. Клучниот момент на натпреварот се случи во 15. минута кога Шомуродов го постигна голот вреден три бода.

Пандев одигра 57. минути по кои беше земенет од Зајц. Следен предизвик за „Гранде Пандев“ е Европското првенство каде што ќе ја предводи нашата репрезентација за првпат на едно големо натпреварување, а потоа ќе треба да ја донесе конечната одлука дали ќе продолжи уште една сезона или ќе замине во пензија.

 

 

Се вчитува...