Пандев верува во Мота: Дајте му време, тој е добар тренер

Горан Пандев јавно побара од раководството на Џенова да му укаже доверба на Тијаго Мота, за новиот тренер на Џенова да најде излез од резултатската криза. Аргентинецот не ги донесе посакуваните резултати на стартот од авантурата во Калчо-лигата, но Пандев се уште верува дека неговиот поранешен соиграч од Интер е вистинскиот човек за предводник на Џенова.

„Мота е во опасност? Мислам дека му треба време, неговите тактички замисли полека но сигурно си спроведуваме на дело. Ни недостигаат голови, но да бидам искрен немавме ни среќа на последните неколку средби. Според мене Мота треба да остане на клупата и да ги покаже своите квалитети“ – истакна Пандев.

Џенова се пласираше во следната рунда од Купот на Италија по победата од 3-2 над Асколи, меч на кој Пандев влезе во игра во второто полувреме.

Се вчитува...