Пандев во идеалниот тим на Интер на сите времиња

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев според изборот на престижниот “Goal.com” e во идеалниот тим на Интер на сите времиња.

Како што објаснува во својот текст, изборот на најдобрите фудбалери на сите времиња од Интер е правен согласно критериумот играчот да потекнува од школата на клубот. А, Пандев кој од 16 години е меѓу „нераѕурите“ ги мина сите младински тимови во клубот пред да следи преселбата низ неколку клуба во Италија. Потоа, од Лацио повторно се врати во Интер по повикот од Жозе Мурињо и ја освои тројната круна со „нераѕурите“.

Горан Пандев неодамна го запиша својот 400-ти настап во Серија А, а утре против Летонија го чека 100-от настап и во дресот на македонската репрезентација.

Се вчитува...