„Пандевци“ дадоа 14 гола, па дојде до прекин поради тешка повреда

Екипата на Академија Пандев влегува во посакуваниот итам во пресрет на стартот од новата сезона, па така струмичкиот прволигаш денеска триумфираше со убедливи 14-1 на пријателскиот натпревар против новиот второлигаш, Детонит од Радовиш.

„Пандевци“ доминираа на теренот, целосно ја демонстрираа својата надмоќ во однос на противникот, но дамка на победата остави тешката повреда што ја заработи Глигор Дончев на пет минути до крајот. По овој инцидент мечот беше прекинат, па двата тима одлучија преостанатите пет минути воопшто да не се доиграат.

„Ако по нешто е познат Гиш, тоа е борбеноста и храброста на теренот, затоа не се ни сомневаме дека на терените ќе се врати уште посилен“ – порачуваат од Академија Пандев.

Се вчитува...