„Пандевци“ огромни фаворити против Победа во првата полуфинална пресметка од Купот

Академија Пандев ја носи фаворитската улога против прилепска Победа пред денешната прва полуфинална пресметка од Купот на Македонија.

„Пандевци“ веруваат дека денеска од 14 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе стигнат до повеќе од доволна предност за помирен реванш.

„Не сакаме да го потцениме противникот, но јасно е дека нашата желба е пласман во финалето од Купот на Македонија. Па, за таа цел ќе ни биде неопходна победа на денешниот прв полуфинален меч против Победа“ – велат од таборот на Академија Пандев.

Поради болест на шефот на стручниот штаб Јане Николоски, Победа во Струмица ќе ја води неговиот помошник Николче Здравески.

Како што е познато, во првата полуфинална пресметка одиграна минатата недела Македонија ЃП славеше со 0-1 на гостувањето против Беласица во Струмица.

 

Се вчитува...