„Пандевци“ почнуваат со зимските подготовки: Со две нови имиња и еден повратник

Со лекарските прегледи на фудбалерите, закажани за денеска, Академија Пандев ги почнува зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот.

По почетните лекарски прегледи, „пандевци“ утре од 14 часот веднаш почнуваат и со првиот тренинг во рамките на подготовките за продолжението од првенството. Шефот на стручниот штаб, Југослав Тренчовски од почетокот на подготовките ќе располага и со две нови имиња во тимот, Стојанче Велинов како и Кристијан Стојкоски кој доаѓа од редовите на Шкупи. Во составот на Академија Пандев се враќа и Мишов, кој изминатава полусезона беше на позајмица во редовите на второлигашот Тиквеш.

Веќе се закажани и првите две контролни средби против бугарските второлигаши Петрич односно Струмска слава на 20. јануари односно 23. јануари. Двете средби ќе се играат во Струмица.

Се вчитува...