„Пандевци“ се засилуваат – потпишаа Цикарски и Најденов

Академија Пандев донесе две квалитетни засилувања за оваа натпреварувачка сезона откако денеска и официјално беа потпишани договорите со Бојан Најденов и со Мите Цикарски.

Најденов е фудбалер од средниот ред кој кратко време настапуваше за „пандевци“ во 2020 година, по што се пресели во таборот на Вардар. Тој потоа настапуваше за Навбахор во Узбекистан и за црногорска Искра, а по истекот на договорот со овој клуб како слободен играч пристигнува во струмичкиот прволигаш.

Цикарски е лев бек кој пред неколку години беше и репрезентативец на Македонија. И тој како и Најденов претходно ги бранеше боите на Академија Пандев, во 2021 година го напушти овој клуб за да се пресели во Ботев Пловдив, а по заминувањето од бугарскиот прволигаш реши да се врати назад меѓу „пандевци“.

Се вчитува...