Пандевци си „газат“, Ибраими ја спаси Шкендија, прв триумф на Шкупи

Академија Пандев не се шегува, ја оствари петтата победа во шестото коло од новата сезона во Првата лига и се врати на врвот на табелата. „Пандевциу“ славеа со 2-4 на гостувањето во Битола против Победа. Даниел Миловановиќ и Ванче Шиков донесоа водство за гостите, но Победа успеа да возврати преку Трајче Ефремов и Бурхан Мустафов. Сепак, Академија Пандев дојде до триумф со головите на Даниел Миловановиќ во 63.минута и на Љупчо Дориев од пенал во 78.минута од дуелот.

Шампионот Шкендија во последен миг дојде до триумф од 1-2 против Силекс во Кратово. Победничкиот гол, погодувате, беше дело на Бесарт Ибраими во втората минута од судиското продолжение на мечот.

Бесмир Бојку донесе водство за тетовци во 14.минута, кога излезе сам пред противничкиот голман и погоди во спротивниот агол. Христијан Грозданоски со волеј удар, по корнерот од левата страна, израмни во 81.минута. Но, Бесарт Ибраими сепак донесе триумф за Шкендија.

Шкупи конечно стигна до првата победа. На „Чаир“ падна Македонија ЃП со 2-1. Сухељ Мухарем во десеттата минута го отвори резултатот во корист на домаќините, а израмни

Христијан Кировски со одличен шут од 30 метри во 54.минута. Баже Илијоски од пенал го постигна победничкиот гол за Шкупи во 66.минта од натпреварот.

Беласица стигна до гостинска победа против Ренова (0-2). Јордан Серафимовски во 71.минута и Филип Ивановски во 86.минута беа стрелци на головите за струмичкиот тим.

Вчера, Вардар го совлада Работнички со 0-2 во скопската градска пресметка.

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-2

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-4

РЕНОВА – БЕЛАСИЦА 0-2

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

 

Табела: Академија Пандев 15, Шкендија 14, Вардар 14, Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3.

Се вчитува...