„Пандевци“ со „петарда“ го посрамотија Работнички, Силекс ја шокираше Шкендија, Струга ТЛ ги казни промашувањата на Брегалница (ВИДЕО)

Академија Пандев со „петарда“ и триумф од 0-5 целосно го посрамоти Работнички на гостувањето на арената „Тодор Проески“ во 2. коло од ПМФЛ. Шкендија во последните секунди испушти триумф, за 1-1 со кратовски Силекс на дуелот кој се одигра во Струга, а Струга Трим Лум, пак, на гостувањето против Брегалница во Штип дојде до победа од 0-1.

Шкендија поведе против кратовци со голот на Елези уште во 17. минута од средбата…

Но, Љамалари во првата минута од судиското продолжение ги шокираше тетовци за израмнување на Силекс и конечни 1-1.

Академија Пандев запиша неверојатна победа од 0-5 на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Работнички. Пандевци“ ги посрамотија „романтичарите“ чија одбрана комплетно потфрли на денешниот дуел.

Од 24. минута веќе е 0-2 и тоа по уште еден помалку смешен гол, овој пат автогол на Јанакиевски кој ја смести топката во сопствената мрежа.

И во 43.минута Крстевски постигна погодок за 0-3 на полувремето…

При 0-2 за гостите не беше досуден очигледен пенал за Работнички, по играта со рака на гостински фудбалер во шеснаесетникот.

Во второто полувреме нова брза акција на гостите, и во 52. минута Крстевски со својот втор погодок на натпреварот ги постави конечните 0-4. А, во 90. минута Крстевски запиша хет-трик за конечни 0-5 на мечот.


Брегалница, пак, беше многу подобар противник на теренот во Штип против Струга ТЛ, но не успеа да запише погодок, па затоа доби казна во 88. минута за триумф на стружани од 0-1.

Голманот на стружани Ќошевски ги спасуваше гостите во поголемиот дел од мечот. Во 17. минута Додев имаше извонредна можност но неуспешно покрај левиот дирек, потоа во 22. минута Николов од идеална позиција не успеа да погоди, а во 31. минута Кошевски извонредно го одбрани шутот на Ѓокиќ од 12 метри. Во второто полувреме убави обиди имаа и Алтипармаковски и Борха Кордоба, а во 65. минута при една крајно сомнителна ситуација и игра со рака на гостите во сопствениот шеснаесетник главниот судија сепак не покажа удар од белата точка.

Кога домашните не реализираа следеше казната во 88. минута со прекрасниот погодок на Хоган за 0-1…

Тиквеш со голот на Мишов во 45. минута дојде до победа од 0-1 на гостувањето против Победа во Прилеп.

ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0-1
Хоган 88′ (С)
Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0-1
Мишов 45′ (Т)
Струга: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
Елези 17′ (Ш) – Љамалари 90’+1 (С)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 0-5
Томовски 10′, Јанакиевски 24′, Крстевски 43′, 52′, 90’+1 (АП)
Слободен е Скопје
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1 (0-0)
Трапановски 67′, Цефас 70′ (Ш) – Скендери 87′ (МЃП)

Се вчитува...