Уште еднаш сезонава Академија Пандев убедливо славеше против Беласица во градската пресметка. Овој пат со 3-0 на мечот во Турново.
На натпреварот му претходеше „препукувањето“ меѓу двете страни и жалбите на Беласица зошто Академија Пандев одби да игра на стадионот „Младост“ во Струмица во вечерен термин. Па, „пандевци“ сега преку „селфи порака“ се одлучија за малку сеир со ривалот…
„Љубителите на фудбалот кои до последно место го исполнија стадионот „Кукуш“ гледаа натпревар на кој во сите сегменти беше надиграна гостинската екипа. Резултатот можеше да биде и уште поубедлив доколку ги резлизиравме неколкуте зицер ситуации. Љупче Дориев, Марио Крстовски и Даниел Миловановиќ беа стрелци на головите за Академија Пандев. Теренот секогаш е бил мерило за фудбалски да го докажеш квалитетот, а на крајот излезе народната „прво скокни, па кажи оп“ – пишуваат на својата официјална страница од Академија Пандев пропратено со селфи фотографија од соблекувалната по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА