„Пандевци“ убедливо поразени од Приштина

Македонскиот прволигаш Академија Пандев загуби убедливо од Приштина со 0-3 на петтиот пријателски натпревар што се одигра во Анталија. Тимот на Панче Стојанов немаше свој ден, и сигурно овој тест ќе послужи за откривање на грешките пред се во одбраната пред продолжението на пролетниот дел на првенството.

Приштина поведе со голот на Ахмен Јонузи во шестата минута, а во вториот дел Ментор Мазрекај зголеми на 2-0 во 58.минута. Третиот погодок за Приштина беше дело на Илиридон Фетахај во 69.минута од средбата.

Академија Пандев на овој натпревар стартуваше со следните фудбалери: Вујанац, Атанаскоски, Димов, Илиев, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев, Грифони, Марков, Крстовски. Уште играа: Дончев, Ганчев, Скендери, Велиновски и Николов.

Се вчитува...