„Пандевци“ во одбрана на честа… Во Мостар за подобар впечаток од Скопје

По оној пораз од 0-3 од првиот натпревар во Скопје, фудбалерите на Академија Пандев вечерва од 19 часот во Мостар ќе играат во одбрана на својата и честа на клубот против еден од најдобрите клубови од БиХ, Зрињски, во првото квалификациско коло од Лига Европа.

Веќе е јасно дека Зрињски е безмалку патник во следната рунда, но „пандевци“ се желни за подобрување на впечатокот кој го сервираа на „Тодор Проевски“ пред седум дена.

Стратегот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски вели дека тимот посакува да покаже дека поседува квалитет кој не соодејствува со резултатот од првата средба.

„Сакаме секако да го поправиме впечатокот, да покажеме дека овој тим има квалитет и може да се надигрува со Зрињски. Факт е дека противникот повторно е голем фаворит, но ние ќе го дадеме максимумот овој пат да не загубиме“ – вели Тренчовски.

Победникот од овој двомеч во следното квалификациско коло од Лигата на Европа ќе се соочи со холандски Утрехт.

Се вчитува...